Вие имате прво да ја знаете вистината

Украинскиот министер за надворешни работи: Москва нема право на глас кога станува збор за евентуалниот влез на Украина во НАТО

Русија „нема право на глас“ кога станува збор за евентуалниот пристап на Украина во НАТО, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, осврнувајќи се на барањето на Москва – НАТО да гарантира дека нема да се прошири.

„Русија нема право на глас кога станува збор за пристапот на Украина во НАТО“, изјави Кулеба за РБЦ-Украина пред состанокот НАТО-Русија во Брисел.

„Западот нема да се согласи да и даде на Русија правни гаранции дека Алијансата нема да се прошири на исток бидејќи тоа би бил нејзин стратешки неуспех“, рече тој.

Тој ја обвини Русија дека иницира преговори за „максимизирање на улогите, истакнувајќи ги барањата кои се неприфатливи од самиот почеток“.

Обвинета за подготовка на напад врз Украина, Москва одговара дека распоредила големи воени сили во близина на украинската граница поради зголеменото и непријателско присуство на НАТО во областите кои Москва ги смета за руски зони на влијание.

Американците и европејците се подготвени да разговараат со русите за да се најде решение за излез од тензичната ситуација и да се избегне нов вооружен конфликт.

За Украина, какви било разговори за „безбедносните гаранции во евроатлантската област мора да започнат со руската деескалација на безбедносната ситуација во близина на украинската граница“, нагласи Кулеба.

„Безбедноста на евроатлантската област е невозможна додека Украина е во опасност“, додаде тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!