Вие имате прво да ја знаете вистината

Француските ученици сами ќе се тестираат за Ковид-19

Француските ученици ќе можат да се самотестираат наместо да прават ПЦР тестови, изјави францускиот премиер Жан Кастекс и додаде дека причината за тоа е што зголемувањето на случаите на Ковид-19 ги направи здравствените мерки во образовниот сектор премногу гломазни.

-Ова ќе ги намали редиците пред аптеките, рече тој во интервју за телевизијата Франс 2.

Франција пријави најголем скок на хоспитализации од април 2021 година од Ковид-19 – во изминатите 24 часа има 767 нововопримени пациенти во болниците во државата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!