Банана бизнисот продолжува да цвета: Работници пронајдоа 400 килограми кокаин во пакети од банани во Црна Гора
Работници во магацин на фирмата „Воли“ пронашле сомнителна материја во пакување со банани, а се сомневаат дека се работи за кокаин, јавија подгоричките медиуми.
Ниту полицијата, ниту фирмата на бизнисменот Драган Бокан се уште официјално не се огласија. Воли е најголемиот малопродажен синџир во Црна Гора.
Медиумите објавија дека се пронајдени околу 400 килограми супстанца за која постои сомневање дека е кокаин.
Полицијата е на лице место и зема изјави од вработените.
Владејачката „Права Црна Гора“ се огласи и соопшти дека им биле доставени фотографии на кои се гледа пакет банани, „како што се сомнева голема количина, според сите индиции, кокаин“.
Тие ги повикаа институциите итно да реагираат.