Претседателот на Туркменистан им нареди на експертите по повеќе од половина век конечно да најдат начин да го изгаснат пожарот во кратерот за природен гас, попознат како „Порта на пеколот“.
Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов на државната телевизија ја изрази својата загриженост за животната средина и економијата и им нареди на надлежните институции конечно да го изгаснат пожарот во гасниот кратер Дарваз во пустината Каракум.
Уште во 2010 година, Бердимухамедов им нареди на експертите да најдат начин да го изгаснат пламенот што гори откако советската операција за дупчење тргна во погрешна насока во 1971 година.
Претседателот истакна дека кратерот е создаден од човечка рака, дека не е природен феномен и дека лошо влијае на животната средина и на здравјето на луѓето кои живеат во близина.
Кратерот е формиран во 1971 година кога советските власти за време на дупчењето случајно налетале во шуплина исполнета со големи количини природен гас, што предизвикало колапс на земјиштето под платформата за дупчење.
За да го спречат ширењето на гасовите опасни за вдишување, како и за пошироката популација, тие намерно го запалиле гасот што излегувал. Кратерот оттогаш гори, а сите досегашни обиди за негово гаснење беа неуспешни.
Кратерот кој настанал како последица на оваа несреќа, широк 70 метри и длабок 20 метри, денес е популарна туристичка атракција.
Пред три години, претседателот официјално го смени името во „Блесок на Каракум“.