Вие имате прво да ја знаете вистината

Незадоволни бугари протестираат против мерките за пандемијата, речиси упаднаа во парламентот

Демонстрантите кои денес протестираа пред бугарскиот парламент против ковид мерките се судрија со полицијата, јавува ДПА.

Демонстрантите пробија голем полициски кордон и стигнаа до главниот влез на Народното собрание, во кое не влегоа.

Премиерот Кирил Петков ги повика демонстрантите да се договорат за „нов модел за борба против следниот бран“ на инфекција со Ковид-19 со вклучување на нивните претставници во работна група со владини претставници.

Петков за бугарската телевизија изјави дека од овој протест мора да произлезат „конкретни мерки“.

Стотици приврзаници на националистичката партија Препород се собраа пред парламентот на протест против мерките за спречување на ширењето на инфекцијата и плановите за вакцинација.

Тврдат дека со овие мерки им се ограничуваат слободите, па на протестот не носеле маски.

Демонстрантите дојдоа во Софија со автобуси од целата земја.

Рекордни 7.062 новозаразени лица се потврдени за 24 часа во Бугарија попладнево. Бугарија има најлош процент на вакцинација во ЕУ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!