Вие имате прво да ја знаете вистината

Првата дама на Франција добила анонимен повик: „Твојот сопруг моментално е во кревет. Со маж…“

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, добила анонимен телефонски повик во кој било наведено дека нејзиниот сопруг, претседателот Емануел Макрон е „со љубовник“, пишува Дејли Мејл.

Пораката дошла до 68-годишната дама и покрај врвните безбедносни проверки на сите нејзини уреди, а гласела: „Знам дека вашиот сопруг моментално е со маж“.

Политичкиот коментатор Николас Присет го изјави ова во новиот документарен филм наречен „Во пеколот на претседателските кампањи“ на BFM – најпопуларниот француски ТВ канал.

Документарецот содржи и чести скандалозни гласини за личниот живот на парот, вклучително и тврдења дека Брижит Макрон всушност е родена како маж.

Двојката првпат се запознала во 1993 година, кога Макрон како 15-годишник дошол на час по литература во средно училиште кај 39-годишната Брижит во Амиен, Франција.

Брижит се разведе од сопругот во 2006 година, со кој има три деца, а во 2007 година се омажи за 24 години помладиот Макрон.

Сенаторот Франсоа Патриат, член на партијата на Макрон „Република во движење“, потврди дека Брижит останала уништена од телефонскиот повик во кој се наведува дека нејзиниот 44-годишен сопруг е со љубовник.

Патриат истакнува дека првата дама по тој инцидент им рекла на своите пријатели: „Дали разбирате што се осмелуваат да кажат? Нема да бидеме поштедени од ништо. Бев тажна и шокирана кога го слушнав тоа, но ќе продолжиме.

Возрасната разлика од 24 години меѓу сопружниците отсекогаш предизвикувала проблеми, особено откако тие ја започнале врската кога Емануел бил уште ученик. Аферата со тогаш омажената учителка и мајка на три деца предизвика скандал, а во својот политички манифест „Револуција“, претседателот Макрон ја опиша нивната љубов како „често тајна, често скриена, погрешно разбрана од многумина“.

Макрон потоа беше испратен во Париз да го продолжи своето образование, но парот продолжи да се гледа додека Брижит конечно не се разведе. Нејзиниот прв сопруг, Андре-Луј Озиер, се иселил од семејната куќа во Амиен и заминал да живее во Лил.

Адвокатите на г-ѓа Макрон минатиот месец започнаа правна постапка поради тврдењата на десничарското издание кое објави неосновани гласини во декември дека Брижит Макрон е трансродова личност која всушност е родена како маж.

И покрај сите скандали, Макрон останува фаворит за повторен претседател на Франција на изборите што ќе се одржат во април.

Неодамнешната анкета покажа дека тој може да добие 26 отсто од гласовите во првиот круг, далеку пред неговата најблиска ривалка, кандидатката на Националниот фронт Марин Ле Пен, која освои 17 отсто на анкетите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!