Се појави снимка од страшната несреќа на турскиот фудбалер, претекнуваше камион и потоа излета од патот (видео)
Турскиот фудбалер и репрезентативец на таа земја Ахмет Чалик загина во сообраќајна несреќа.
Чалик, кој беше член на Коњаспор, го загуби животот во вторникот наутро, а на интернет се појави видео од моментот на несреќата. Тој го престигнал камионот, а потоа со голема брзина излетал од патот и го загубил животот на лице место.
Во текот на професионалната кариера Ахмет настапуваше за Генчербирлиги, Галатасарај и Коњаспор, а забележа и осум настапи за сениорската репрезентација на Турција.