Вие имате прво да ја знаете вистината

Ситуацијата е критична, Кремљ упати порака до НАТО-ова е нашата црвена линија

Разговорите меѓу САД и Русија, одржани во понеделникот во Женева, не вродија со плод.

Русија сака гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток, дека ќе ги намали своите сили и оружје во Европа и дека Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО – што е главната црвена линија за Алијансата и Киев .

Не преговараме од позиција на сила, нема и не може да има место за какви било ултиматуми. Но, ситуацијата, во однос на паневропската безбедност и нашите национални интереси, достигна критична точка и не можеме туку така да ја одложиме, а прашањата што не загрижуваат бараат конкретни одговори – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков повтори дека Русија е подготвена директно да преговара со Украина, под услов да се исполнат обврските од постоечките договори .

НАТО тврди дека голем број руски барања поднесени во декември се неприфатливи, вклучително и повикот за намалување на активностите на Алијансата на нивото од 1990-тите, како и ветувањето дека нема да прима нови членки.

На прашањето за можното членство на Финска во НАТО, Песков одговори дека НАТО служи како „инструмент за конфронтација“ и дека Русија е загрижена за какво било проширување на Алијансата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!