Вие имате прво да ја знаете вистината

Спектакуларни фигури од мраз и снег во Кина, на 750 илјади квадратни метри

Во кинескиот град Харбин , во североисточната провинција Хејлонгџијанг, се одржува 38. Меѓународен фестивал на скулптури од снег и мраз , пишува Анадолија.

Посетителите на фестивалот, на кој има голем број тематски скулптури направени од мраз и снег, можат да уживаат во посебна зимска магија и различни активности во паркот Жаолин.

Овогодинешниот фестивал ги задржа и елементите на Зимските олимписки игри во Пекинг, кои се одржуваат во главниот град на Кина од 4 до 20 февруари оваа година.

Фестивалот Харбин е еден од најголемите од ваков вид во светот, а некои го нарекуваат дури и ледениот Дизниленд. Ледените скулптури зафаќаат површина од околу 750.000 квадратни метри.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!