Вие имате прво да ја знаете вистината

Страшна снимка од Милано, глутница мажи нападна германски студентки: „Имаше 15 раце на нас“

Италијанската полиција истражува 18 мажи и тинејџери под сомнение дека сексуално злоставувале девојки кои ја дочекале Новата година на главниот плоштад во Милано.

Полицијата соопшти дека повеќето од осомничените се странци или италијанци со северноафриканско потекло, правејќи паралела со сексуалното насилство извршено на новогодишната ноќ од мажи од блискоисточно или северноафриканско потекло во Келн, Германија во 2015 година.

Полицијата во вторникот изврши претрес во домовите на 15 млади мажи на возраст од 15 до 21 година во Милано и Торино.

Идентификувани се со помош на снимки од мобилни телефони и надзорни камери, како и со помош на сведочења на наводни жртви и анализа на содржината на социјалните мрежи. За пронаоѓање на осомничените бил користен и софтвер за препознавање лица.

Досега девет жени пријавиле во полиција дека биле сексуално злоставувани за време на новогодишната ноќ, но полицијата верува дека може да ги има повеќе.

Шокантната снимка што се појави по новогодишната ноќ покажува германски студентки од Минхен, подоцна идентификувани како Марија Х. и Викторија З., опкружени со толпа млади мажи и притиснати на заштитната ограда. Се гледа дека се обидуваат да се изборат со толпата додека се држат за здолништата. Во еден момент паѓаат на подот, а потоа бегаат од насилниците и дошле кај полицаец на кој се обидуваат да му објаснат што се случило.

„Се надевам дека ќе бидат пронајдени и дека правдата ќе биде задоволена за сите други девојки кои беа малтретирани таа вечер“, изјави за италијанската новинска агенција АНСА една од двете германки кои беа жртви на нападот.

– Сфатив дека ме допираат и сакав да побегнам но ги имаше премногу. Се обидовме да ги оттурнеме, другарка ми ги удри и им удира шлаканици, но тие само се смееја и продолжија да не малтретираат. На нас имаше 15 раце, десет минути не напаѓаа.

Младата германка се пожалила дека полицајците на плоштадот не им помогнале или дека не ги разбирале кога се обиделе на англиски да им објаснат што се случило.

– Полицијата не виде и не направи ништо, не знам зошто. Беше шокантно бидејќи тие видоа се со сигурност.

Друга девојка раскажала како диви млади мажи и го скинале градникот, ја собориле на земја и ја фатиле за градите. Да не облечела велосипедски шорцеви под здолништето затоа што и било студено, се плаши дека ќе била силувана, истакна таа.

– Ме турнаа на подот и ми го кренаа здолништето. Се обидоа да навлезат во нас со прсти. Мислевме дека ќе не силуваат или ќе не прегазат.

Келн 2015 година

Стотици жени беа сексуално нападнати во Келн на Нова Година 2015 година, а многу од сторителите беа исто така од северноафриканско потекло.

Поднесени се вкупно 1.210 кривични пријави, од кои повеќе од 500 се за сексуална злоупотреба и 28 за силување или обид за силување.

Слични напади се случија во истата година и во други германски градови, вклучувајќи ги Хановер, Хамбург и Франкфурт на Мајна, иако во помал обем.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!