Животна драма на сопругот на Јелена Карлеуша, позитивен е на коронавирусот, има потешка форма со пневмонија
Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ е позитивен на корона и има пневмонија
Имено, Душко Тошиќ денеска дозна дека е позитивен на корона вирусот.
Како што пишува Хелоу, Тошиќ има потешка форма со пневмонија.
Не е познато како и каде се заразил, ниту дали е хоспитализиран.
Инаку, Јелена Карлеуша, неговата сопруга, на 7 јануари на православниот Божик го пријавила Душко во полиција, тврдејќи дека двапати ја удрил по лицето и ја плукнал. Поранешниот српски репрезентативец потоа отишол во полициската станица Савски Венац каде дал изјава.
Веднаш му беше изречена забрана да и се доближи на пеачката вво рок од 48 часа, што во неделата беше продолжено на уште 30 дена.
Моето име, лик и дело треба да се појавуваат исклучиво во приказни поврзани со спорт и хуманитарни дела. За жал, тоа не е така, па принуден сум да се обраќам вака. Секаде ме претставуваат како насилник, иако не поддржувам насилство и никогаш не сум користел.
Оние кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен, каде и да е и што и да прави. Затоа ќе останам доследен на себе, ќе игнорирам измислици и ќе чекам да помине овој ветер кој е насочен против мене, напиша Тошиќ на Инстаграм.