Вие имате прво да ја знаете вистината

Нигерија ја укина забраната за Твитер: 200 милиони луѓе беа без пристап до социјалната мрежа повеќе од половина година

Твитер повторно ќе стане достапен во Нигерија откако тамошната влада во средата објави дека ќе ја укине блокадата за пристап до оваа социјална мрежа за кратки пораки.

По разговорите со американската компанија, беше договорено Твитер да отвори канцеларија во Нигерија, изјави владин претставник без да открие детали.

Забраната се укинува од полноќ.

Претседателот Мухамаду Бухари на 5 јуни наложи да се забрани пристапот до Твитер во земја со околу 200 милиони жители.

Претходно Твитер ја избриша контроверзната порака на претседателот за граѓанската војна во Нигерија и го суспендираше Твитер профилот на шефот на државата на 12 часа.

Владата тогаш не наведе конкретна причина за суспензијата на Твитер. Сепак, се наведува дека платформата била користена многу пати за активности кои би можеле да го поткопаат постоењето на Нигерија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!