Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови случаи на мистериозна болест кај американските дипломати: „Го спомнавме тоа и на Русите“

Соединетите држави сè уште не знаат што е синдромот Хавана или кој е одговорен за болеста, откако се разболеа американските дипломати во Париз и Женева, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен во интервјуто кое го даде утрово.

Блинкен рече дека целата федерална влада работи на разјаснување што ја предизвикува болеста, која зафати скоро 200 американски дипломати, службеници и членови на нивните семејства во странство.

„До денес не знаеме што точно се случило и не знаеме точно кој е одговорен“, рече Блинкен во интервју за MSNBC.

Волстрит журнал денес објави дека функционерите на американските дипломатски мисии во Париз и Женева се разболеле, за време на преговорите помеѓу САД и Русија во понеделникот за ситуацијата во врска со Украина во близина на чии граници Русија распореди големи воени сили.

Блинкен рече дека САД им го спомнале прашањето за болеста на Русите, но сè уште не може да се каже кој е одговорен.

Мистериозната болест предизвикува симптоми како мигрена, гадење, губење на меморијата и вртоглавица. Таа првпат беше забележана од американски официјални лица во Хавана во 2016 година.

Блинкен рече дека се сретнал со персоналот на Стејт департментот од целиот свет кои му ја опишале болеста и како тоа влијаело на нивните животи.

„Не се сомневам дека овие луѓе беа директно и сериозно погодени“, рече тој.

„Работиме максимално со владата за да се разјасни што се случи, кој е одговорен. И да се грижиме за погодените и да го заштитиме целиот наш народ колку што можеме“, рече тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!