Вие имате прво да ја знаете вистината

НОВ УДАР ЗА ЃОКОВИЌ: ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОКРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ НАЈДОБРИОТ СВЕТСКИ ТЕНИСЕР!

Новак Ѓоковиќ од 31 декември минатата година до 3 јануари годинава беше во Шпанија, каде што тренираше на подготовките за Австралија Опен. Српскиот тенисер тие неколку дена ги помина во Марбела, а оттаму преку Дубаи се упати кон Мелбурн, пренесува Б92.

Проблемот е што според сегашните закони, само вакцинирани српски државјани смеат да влезат во Шпанија. Како што е познато, Ѓоковиќ не бил вакциниран. Во Шпанија е можно да се оди од Србија со лекарско ослободување, но …

Но, според првите информации, Ѓоковиќ по тоа прашање ниту побарал ниту добил никакво ослободување од шпанската амбасада во Белград. Затоа, шпанската полиција по налог на локалната власт отвори истрага против светскиот тенисер број еден, кој тренира во Мелборн и ја чека конечната одлука на австралискиот министер за можна депортација од таа земја …

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!