Вие имате прво да ја знаете вистината

Орбан најави: Ги замрзнуваме цените на шест основни прехранбени производи, секој мора да ги намали

Унгарската влада одлучи да ги замрзне цените на шест основни прехранбени производи од 1 февруари, објави премиерот Виктор Орбан на Фејсбук.

Цените на шеќерот, пченичното брашно, сончогледовото масло, свинскиот бут, пилешките гради и млекото со 2,8 отсто маснотии ќе бидат замрзнати поради зголемувањето на цените на храната на нивото што го достигнаа во средината на октомври минатата година, напиша Орбан.

Сите продавници ќе мора да ги намалат цените на тоа ниво, нагласи унгарскиот премиер, додавајќи дека цените растат низ Европа поради поскапувањето на енергенсите.

Одлуката на владата за замрзнување на цените ќе биде на сила три месеци, а доколку е потребно и подолго, изјави утрово шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гуљас.

Владата во ноември минатата година ги ограничи цените на горивата на три месеци, а со истата мерка одлучи да го олесни поскапувањето на струјата за малите бизниси.

На Орбан му претстојат неизвесни парламентарни избори на почетокот на април, потсетува Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!