Вие имате прво да ја знаете вистината

Популарен рагбист уапсен за силување на 18-годишичка, елитна проститутка тврди: „Ја донесе на тројка“

Англискиот репрезентативен рагбист (29), чие име не може да се објави од правни причини, бил уапсен во неделата наутро поради сомнение за силување, по што бил пуштен со кауција.

Заедно со него, во истата полициска акција, во нејзиниот стан во Манчестер, уапсена е и Сандра Нтоња (41), декларирана елитна проститутка обвинета дека ја дрогирала жртвата за да се согласи на секс.

Иако името на познатиот спортист не е познато, Нтоња откри голем број детали за инцидентот. Таа рече дека играчот е нејзин клиент кој и платил за секс. Тој ја запознал девојката во ноќен клуб во Манчестер додека таа го прославувала својот 18-ти роденден, а потоа ја однел во стан на проститутка „на секс во тројка“.

Нтоња, која вообичаено на своите клиенти им наплаќа 160 фунти на час за сексуални услуги, рече дека не сакала да учествува во реализацијата на неговата идеја.

„Тој сакаше да се вклучам. Но, беше ноќ и бев поспана, па ги пуштив во слободна соба“, изјави таа за Дејли Меил, нагласувајќи дека таа била таа што повикала полиција откако во неделата наутро затекнала девојка како липа во спалната соба.

„Го познавам бидејќи е мој клиент. Ми се јави и ми рече: „Имам девојка“. Следното утро најдов многу вознемирена девојка која не разбираше што прави полугола во туѓ стан.

„Таа плачеше и беше во шок. И јас бев шокирана и лута затоа што ми ја донесе во таква состојба. Тој е многу арогантен и мисли дека може да се однесува како што сака“, изјави Нтоња, која отворено се фали со своите врвни клиенти на социјалните мрежи, тврдејќи дека се работи за богати деловни луѓе, политичари и спортски ѕвезди од висок профил.

Таму редовно објавува и секси фотографии и видеа.

Инаку, Сандра Нтоња е родум од Малави, а во Британија дошла во 1996 година со својот сопруг од кој во меѓувреме се разведе. Тие имаат син кој боледува од многу тешки здравствени состојби, а таа почнала да се проституира за да преживее откако сопругот ја оставил.

Таа напиша автобиографска книга за нејзините сексуални подвизи, насловена како „Исповеди на оправдана проститутка“, која беше објавена во 2019 година.

Таа, како и познатиот рагбист е пуштена со кауција и ја негира својата вина. Во тек е истрага.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!