Вие имате прво да ја знаете вистината

Почина познатиот филмски продуцент Горјан Тозија-медо

Филмскиот продуцент Горјан Тозија почина на 68-годишна возраст.

Тозија во својата богата кариера бил државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година директор на „Вардар филм“.
Во тој период во продукција на „Вардар филм“ се сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Неговите пријатели се збогуваат од него на социјалните мрежи.

Сочувство до фамилија од редакцијата на Во Центар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!