Вие имате прво да ја знаете вистината

Се венчаа Меган Фокс и Машин Ган Кели, прстенот има посебна симболика (видео)

Машин Ган Кели се заколна дека никогаш нема да се заљуби, но потоа се појави Меган Фокс и се што кажа падна во вода.

Имено, рокерот е толку заљубен што решил да ја запроси актерката. Прашањето го постави на 11 јануари, откри Меган на Инстаграм.

-Во јули 2020 година седевме под ова дрво. Баравме магија… Бевме свесни за болката со која ќе се соочиме заедно во толку краток, френетичен временски период. Несвесни за работата и жртвите што ќе ги бара врската од нас, но опиени од љубов. И карма… – напиша таа со видео од романтично запросување.

Ѕвездата на Трансформери продолжи:

-Околу година и пол подоцна, откако заедно минавме низ пеколот и се насмеавме повеќе отколку што можев да замислам, тој ме замоли да се омажам за него. И како и во секој живот пред овој, и како и во секој живот што ќе го следи, реков да.

Macine Gun Kelly откри и како изгледа персонализираниот веренички прстен кој содржи дијамант и смарагд. Тој напиша: „Да, во овој живот и во секој живот.“ Уметникот рече дека прстенот е комбинација од камења што симболизираат „две половини од иста душа што формираат нејасно срце што е нашата љубов“.

Ким Кардашијан беше една од првите што му честиташе на парот, пишувајќи: „Среќна сум за вас луѓе!!!“, а многу фанови веднаш се запрашаа дали ќе има двојна венчавка со Кортни и Тревис, нивните пријатели, кои исто така неодамна се венчаа

Да потсетиме, романсата помеѓу Machine Gun Kelly, вистинско име Колсон Бејкер, и Меган Фокс започна со снимањето на „Midnight in the Switchgrass“ во 2020 година. Иако раперот призна дека ја презел улогата само затоа што глумила актерката, не знаел дека меѓу нив ќе се случи голема љубов и дека тие ќе станат можеби најконтроверзниот пар на денешницата.

Признал дека „кампирал“ пред нејзиниот трејлер бидејќи имал чувство дека ќе го поканат на ручек. Мојот инстинкт никогаш не ме лаже и благодарен сум за тоа“, изјави МГК за Дру Баримор. „Потоа, одеднаш, некој дојде и рече: „Меган сака да знае дали сакаш да ручаш во нејзината приколка“. И реков: „О Боже мој, многу сум изненаден. Да, апсолутно“.

Меган рече дека воспоставиле моментална врска.

-Во моментот кога бев во собата со него и го поздравив и го погледнав во очи, веднаш знаев дека тој е како што го нареков близнакот. Мислам дека всушност сме две половини од иста душа. Веднаш му кажав. Го почувствував тоа веднаш, рече таа на подкастот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!