Вие имате прво да ја знаете вистината

Скандал го тресе Мелбурн, австралискиот тенисер со хрватско потекло играше на турнирот позитивен на корона

Контроверзниот австралиски тенисер Бернард Томиќ ја разоткри немоќта на државата и организаторите на турнирот во Мелбурн.

За време на квалификацискиот натпревар за Австралија опен против Роман Сафјулин, Томиќ му се развика на судијата, инсистираше дека не е добро, драматично објави дека има корона вирус

Во текот на вториот сет од мечот, тој му пријде на судијата, кога беше прашан дали му треба лекар, и ја шокираше јавноста.

Убеден сум дека имам коронавирус, ви велам дека ќе бидам позитивен во следните два дена. Ве уверувам – му повтори Томиќ на судијата.

Тој продолжи понатаму.

Ако не сум позитивен за три дена, ќе те поканам на вечера, додаде Томиќ.

Бернард Томиќ беше во право, бидејќи денеска се потврдија тврдењата што ги кажа пред два дена, оваа информација штотуку ја пренесе Ејџ.

Австралиецот со хрватско потекло се квалификуваше позитивен за Австралија опен, а зошто му беше дозволено тоа е вистинското прашање!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!