Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ на Надал во полуфиналето на АО!?

Ждрепката започна во 16.15 часот по локално време во Мелбурн, а утрово во 6.15 часот по средноевропско време.

Новак Ѓоковиќ е во ждрепката за Австралија Опен !

Ждрепката започна во 16.15 часот по локално време во Мелбурн, односно утрово во 6.15 часот по средноевропско време.

Првично беше планирано да се одржи порано, но беше одложено поради прес-конференција на премиерот Скот Морисон.

На крајот тој одлуката за евентуалната депортација на Новак Ѓоковиќ му ја препуштил на министерот за имиграција Алекс Хок.

Во првото коло за противник беше извлечен Миомир Кецмановиќ , па доколку нема нов заплет околу првиот тенисер на светот, на стартот ќе имаме српски дуел.

Според проекцијата на ждрепката, Новак би бил прв носител и бранител на титулата, во второто коло ќе го чека Томи Пол, 41-от играч на светот и квалификант.

Потенцијални ривали во третото коло се Александар Бублик и Лоренцо Сонего, а во осминафиналето Кристијан Гарин и Гаел Монфис.

Во четвртфиналето се очекува дуел со Матео Беретини, а потенцијални ривали во полуфиналето се Александар Зверев и Рафаел Надал .

Во второто половина од ждрепката се Данил Медведев и Стефанос Циципас .

Во ждрепката беше и Ник Кирјос, иако во понеделникот доби позитивен тест за коронавирус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!