Вие имате прво да ја знаете вистината

Драмата продолжува, министерот Алекс Хок донесе одлука, “поништена” е визата на Новак Ѓоковиќ

Министерот за миграција Алекс Хок донесе одлука!

На најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ му е одбиена визата!

Според австралиските новинари кои внимателно го следат овој случај, визата била одбиена „во интерес на здравјето и јавниот интерес“.

Новак Ѓоковиќ тренираше со колега од Австралија, се подготвува за учество на првиот Грен слем, но се уште не знае дали ќе остане и ќе игра во Мелбурн.

Додека сите чекааа што ќе биде понатаму, германски Билд откри детали од тпоследниот ренинг на Ѓоковиќ, тврдејќи дека најдобриот светски тенисер го напуштил теренот по само половина час.

Потсетуваме, Ѓоковиќ престана да тренира по само 30 минути, кога со телефонот во рака му пријде неговиот кондиционен тренер Марко Паники и наводно му покажал некоја порака.

Малку подоцна Ѓоковиќ ги спакува работите и си замина, иако го имаше резервирано теренот за два часа, па веднаш се појавија шпекулации за што се работи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!