Вие имате прво да ја знаете вистината

Зеленски предлага средба со Путин и Бајден: Време е за искрен и транспарентен разговор!

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска предложи средба со претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, со цел да се разговара за зголемените безбедносни грижи кога станува збор за Украина, изјави шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак.

Јермак рече дека повеќето украинци ќе ја бранат земјата од агресија и дека спорот меѓу Москва и Западот е прашање на „живот и смрт“ за Украина.

Тој додаде дека е време за искрен и транспарентен разговор за членството во НАТО и дека Украина е подготвена и способна да се приклучи на Алијансата.

Русија претходно ги негираше обвинувањата за планирање инвазија на Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!