Вие имате прво да ја знаете вистината

Ким Џонг-Ун лансираше уште најмалку две ракети

Северна Кореја денеска истрела најмалку две балистички ракети.

Овие наводи доаѓаат по првичните информации дека Пјонгјанг тестирал проектил, по трет пат од почетокот на годинава.

Јужнокорејската армија соопшти дека детектирала две балистички ракети со краток дострел, истрелани источно од провинцијата Пјонгјанг, од западниот брег на Северна Кореја, недалеку од границата со Кина. Ракетите најверојатно паднале во морето во близина на јапонската ексклузивна економска зона, јави телевизијата NHK, повикувајќи се на неименуван функционер на јапонското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

„Активностите на Северна Кореја, вклучително и повторното лансирање на балистички ракети, претставуваат закана за безбедноста на нашата земја и регионот и се важно прашање за севкупната меѓународна безбедност“, изјави на прес-конференција јапонскиот владин претставник Хироказу Мацуно. Двете ракети летаа околу 430 километри до максимална височина од 36 километри, соопшти јужнокорејската војска, додавајќи дека ќе го следи развојот на ситуацијата, додека ја одржува воената готовност.

По тој повод во Сеул беше одржана итна седница на Советот за национална безбедност, на која беше изразено жалење поради најновото ракетно тестирање на Северна Кореја, соопшти претседателството. Ова е трет тест за лансирање на балистичка ракета што го спроведува Пјонгјанг од Нова година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!