Вие имате прво да ја знаете вистината

Кошаркарскиот терен во Дубровник прогласен за најубав во светот (фото)

Секоја година ценетиот американски магазин Architectural Digest објавува листа на најубави кошаркарски терени ширум светот. Иако нивната цел е да бидат функционални, постои долга листа на терени кои со својот уникатен дизајн овозможуваат искуство поголемо од само играње кошарка. На листата на десет најубави веќе неколку пати се наоѓаше кошаркарското игралиште во Дубровник, а годинава беше прогласено за најубаво на светот.

Сместен меѓу градските ѕидини, со поглед кон Јадранското Море, спортското игралиште во Дубровник, со години е една од топ туристичките атракции, и навистина нуди посебно искуство. 

За оние кои имаат среќа да играат кошарка меѓу ѕидините на стариот град, со поглед на кристално чистото море, ќе изгледаат како да се во бајка, пишува на страницата Architectural Digest. Второ најубаво игралиште е во Њујорк, а потоа следуваат во Париз и Торонто. Дефинитивно уште една во низата добри реклами за хрватското приморје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!