Вие имате прво да ја знаете вистината

Морбидно!Шарли Ебдо „го погреба“ Ѓоковиќ: Го нацртаа до мртовечки сандак и му порачаа – Дајте му ја земјата што ја заслужува

Францускиот весник „Шарли Ебдо“, познат по своите карикатури, последната му ја посвети на Новак Ѓоковиќ.

Французите ја понудија својата верзија на случувањата во Мелбурн, а како што обично тоа го прават на морбиден начин, не го поштедија најдобриот тенисер на светот.

Под ироничен наслов „Остави го Ѓоко на мира, тој го заслужува само најдоброто“, објавија неколку карикатури.

„Дали сме сведоци на идна дипломатска криза меѓу Србија од каде што е Ѓоковиќ и Австралија? Тенисерот кој верува дека е недопирлив навистина отишол во Австралија да одигра турнир таму, но бидејќи немал целосен план за вакцинација, видел неговата виза отиде залудно и затоа е сместен во хотел каде што го чека можно протерување од државата. Дојди во Франција Ѓоко, среќата ќе ја најдеш меѓу нашите антиваксери“, се вели во пораката.

На еден од цртежите Ѓоковиќ е прикажан со вакцина заглавена во рекет, со натпис „Ѓоковиќ како исклучок“ и „Големиот шампион го заслужува најдоброто“.

Следната карикатура го прикажува Новак, со собирачот на топки кој е приклучен на апарат за дишење: „Да му го дадеме собирачот на топки кој го заслужува“.

На третиот цртеж пишува „Да му ги дадеме спонзорите што ги заслужува“, додека најконтроверзниот е последниот. На морбидниот цртеж се прикажани ковчези со натпис „невакциниран“, а покрај Новак е пораката „Дајте му ја земјата што ја заслужува“ и „убав земјен терен“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!