Вие имате прво да ја знаете вистината

Наташа Беквалац проговори за поранешните момчиња: Секоја љубов била вистинска додека траела!

Наташа Беквалац често комуницира со своите следбеници на Инстаграм, а сега тема на разговор беше серијата „Сексот и градот“. Пејачката се расправаше со обожавателите за продолжувањето на популарната серија, а во таа прилика откри неколку детали од својот живот.

– Сеуште не знам за педесеттите, но можам да ви кажам дека четириесеттите се одлични и дека никогаш не би се враќала назад – заклучила Наташа, а потоа ја допрела темата за љубовта и врските.

На прашањето дали мисли дека главната хероина од серијата Кери Бредшо повторно ќе се заљуби, Наташа во свој стил одговори:

Па знаеш што? Сигурна сум дека ќе е така! Кој вели дека има само една љубов во животот? Еве, погледнете ме! Секоја љубов ми беше навистина вистинска… Додека траеше! – заврши пејачката со насмевка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!