Вие имате прво да ја знаете вистината

Оган на дното на езерото, нуркачите во водите на Охридско Езеро запалија василичарски оган и печеа колбаси за Православна Нова Година (видео)

Нуркачи од Охрид денеска запалија василичарски оган на дното на Охридското Езеро, по повод дочекот на Новата година според Јулијанскиот календар.

Нуркачите по трет пат го запалија овој традиционален оган во близина на музејот на водата „Заливот на коските“, на Охридското Езеро, објави нуркачкиот клуб „Амфора“ на Фејсбук.

„На богатата трпеза имаше печени колбаси и квалитетно македонско вино“, напишаа нуркачите со видео од палење оган и печење колбаси под вода.

Со палење на базиличкиот оган во водите на Охридското Езеро, членовите на клубот „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Новата година и Василица, како и претстојните празници Богојавление и Свети Јован Крстител.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!