Вие имате прво да ја знаете вистината

Одложен новогодишниот концерт во Ниш наречен „Победа над короната“ поради Короната

Поради короната е откажан традиционалниот новогодишен концерт на Српската младинска филхармонија „Најсус“, кој требаше да се одржи под слоганот „Победа над короната“.

Односно, како што објаснија, концертот е одложен поради „неповолна епидемиолошка состојба“, потврди за порталот Јужне вести диригентот Зоран Андриќ.

На улиците на Ниш на почетокот на годината беа поставени постери со најава за концерт под слоганот „ Победа над короната “, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи бидејќи Србија се уште се бори со вирусот.

Поради лошата епидемиолошка состојба во тој град концертот е одложен, вели диригентот Зоран Андриќ. Новиот датум на концертот треба да биде 27 март.

Маестро Андриќ, кој е автор на името на концертот, рече дека името „Победа над короната“ има метафорично и уметничко значење.

Според последните податоци, во Ниш од почетокот на пандемијата е забележан рекорден број новозаразени со коронавирус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!