Вие имате прво да ја знаете вистината

Пораз на човештвото, рекордно уништување на бразилската савана Серадо во текот на 2021 година

Уништувањето на дрвјата, тревата и другите растенија во една од најголемите савани во светот е главниот извор на емисиите на стакленички гасови во Бразил, а во текот на минатата година го достигна рекордно ниво во последните шест години.

Минатата година, уништувањето на шумите во Бразил го достигна највисокото ниво од 2015 година, што ги натера научниците да предупредат на состојбата во саваната, која е еден од најбогатите извори на јаглерод кој помага во борбата против климатските промени, пренесува Ројтерс.

Серадо, e една од најголемите савани во светот, која се протега во неколку сојузни држави во Бразил, често ја нарекуваат „наопачка шума“ поради длабоките корени што нејзините растенија ги зариваат во земјата за да преживеат сезонски суши и пожари.

Уништувањето на дрвата, трева и други растенија во Серадо е главниот извор на бразилските емисии на стакленички гасови, иако е многу помалку пошумена од попознатата амазонска прашума со која се граничи.

Минатогодишното уништување предизвикува особена загриженост, велат научниците, имајќи предвид дека околу половина од Серада е уништена од 1970-тите, најмногу поради земјоделството и сточарството.

Научниците исто така наведуваат дека во Серада редовно се откриваат нови растителни и животински видови и дека многу веројатно ќе бидат искоренети пред да почнат да ги проучуваат.

По падот од високите нивоа во раните 2000-ти, уништувањето на шумите во Середа повторно се зголемува откако претседателот Жаир Болсонаро ја презеде функцијата во 2019 година, повикувајќи на економски развој во чувствителните екосистеми, наведува Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!