Вие имате прво да ја знаете вистината

Приведен дилер кој разнесувал и продавал дрога во Скопје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.К. (39) од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, со цел стекнување на противправна имотна корист пријавениот заради понатамошна продажба набавил и во неговиот дом чувал наркотична дрога која со патничко моторно возило неовластено ја разнесувал и продавал на лица на подрачјето на Скопје.

Во населба Идризово, Скопје, завчера в0 21.30 часот од страна на полициски службеници од ОСОСК извршен е преглед на патничко моторно возило „рено флуенс“ со скопски регистерски таблички, управувано од К.К. при што е пронајдена дрога. Истиот ден по Наредба на Судија на претходна постапка од Основен Кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај К.К. , каде исто така е пронајдена дрога и предмети поврзани со кривичното дело. При претресите пронајден е кокаин, амфетамин МДМА, ринкофилин, митрагинин.

Лицето е лишено од слобода и преддадено на обвинителството, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!