Вие имате прво да ја знаете вистината

Сајбер напад на Украина, сајтовите на владата срушени, илјадници податоци протекоа во јавноста

Украинското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека веб-страниците на неколку министерства и на неколку други владини агенции се откажани во голем хакерски напад што се случи синоќа.

Рано е за заклучоци, но во минатото е евидентирана долга листа на руски напади врз Украина, изјави портпаролот на министерството, Олех Николенко, одговарајќи на прашањето кој стои зад хакерскиот напад, пренесува Ројтерс.

Сајбер нападите се случија ноќта меѓу четвртокот и петокот, а некои сајтови не се достапни ниту утрово. Цел на нападот било и Министерството за образование и наука, објавено е на Фејсбук страницата на тоа министерство.

Некои сајтови објавија текст на украински, полски и руски јазик во кој се наведува дека сите податоци на Украинците кои биле на мрежата станале јавни.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!