Вие имате прво да ја знаете вистината

Српскиот свет се обединува!? Додик потврди: Договорен е Голем Сабор меѓу Република Српска и Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во вилата Мир се сретна со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, јавуваат агенциите.

Имено, средбата траела повеќе од два часа и била затворена за јавноста.

Додик напомена дека го информирал Вучиќ за актуелната политичка ситуација и дека претседателот на Србија го разбира ставот на РС. Тој нагласи дека има проблеми кога станува збор за остварување на правата од Дејтон во БиХ и дека претставниците на РС не бараат ништо друго.

Тој потсети на нереакција на меѓународниот фактор на наводната мобилизација и говор на омраза во Федерацијата.

Договорено е да се одржи Голем Сабор меѓу Србија и Република Српска, вклучително и состанок меѓу двете влади на 27 јануари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!