Вие имате прво да ја знаете вистината

Тие се Најдобри на минус 50, овие автомобили најмногу се возат во Сибир, со денови не го исклучуваат моторот (фото)

Не е лесно да се биде возач во Јакутија, Тајмир и Чукотка, така го започнува својот текст Ана Сорокина на порталот Russia Beyond, кој е многу интересен бидејќи детално објаснува кои марки на автомобили се користат и зошто најмногу се користат во источна Русија, каде зимските температури достигнуваат до минус 50 степени.

Човек треба да се прилагоди на дадените услови, па затоа избира и технологии кои се доволно издржливи за да се транспортираат на најниски можни температури.

Жителите на места како Јакутија, Норилск и Воркута, но и западните градови како Новосибирск или Иркутск го живеат својот автомобилски живот како ниеден друг возач во светот.

Јакутија, на пример, е најголемиот и најстуден регион во Русија, со измерени температури до минус 70 степени Целзиусови, во Ојмјакон и Верхојанск, и минус 50 Целзиусови степени во Јакутија, главниот град на регионот, пишува Сорокина.

Ако сте се запрашале што најмногу се вози таму поради ледените зимски услови и помисливте на огромните теренци, ќе се излажете!

На патиштата во најисточните руски региони ќе видите претежно јапонски, главно постари модели типични за јапонскиот пазар со управувачот на десната страна.

Причината за тоа е дека Јапонија е блиску, па истокот на Русија се снабдува со половни автомобили од таа земја најмногу преку пристаништето Владивосток, каде пристигнуваат голем број бродови со илјадници користени автомобили од сите возрасти, а цените се многу прифатлива. Тоа што воланот е десно, а не лево, нема никаква врска со тоа и не е пречка за регистрација.

Кои модели се најпопуларни открива порталот Дром, кој составил листа на најпродавани автомобили во Јакутија. Анализиран е пазарот од 2015 до 2020 година. Се покажа дека во текот на целиот период првите пет места ги заземале различни модели на јапонската марка Тојота со волан од десната страна, додека во западните региони на Русија традиционално најдобро се продавала домашната Лада.

Така, во 2020 година првото место го зазеде малата Toyota Yaris, а втора е Toyota Corolla. По нив следат седаните Toyota Allion и Premio и миниванот Toyota Ipsum. Сите овие модели на Тојота се покажаа добри во зимски услови и не трошат многу, што е многу важно, бидејќи многу возачи во Јакутија не го гасат моторот понекогаш и по неколку недели, за да не замрзне автомобилот.

Некои сопственици последователно инсталираа Webasto во своите автомобили, што ги загрева моторот и внатрешноста на автомобилот, така што животот на минус 50 е поподнослив.

Прегледот на автомобили, на пример, во Норилск (северен Краснојарски крај), каде теренот не само што е ладен и многу негостопримлив, покажува дека Toyota е убедливо најзастапена таму, со теренскиот модел Land Cruiser.

Следува руската Лада (најчесто новиот модел на Веста), па Киа Рио, Хјундаи Соларис и Нисан Х-треил. Во Чукотка сликата на возниот парк е приближно иста.

Но, не се возат само јапонски автомобили, има многу кинески, а руската гордост на северот на Русија ја брани модерен теренец УАЗ Патриот, потоа легендарниот минибус или комбе УАЗ-452 (2206 Буханка), кој се произведува неизменет уште од советско време.

Го користат службите за брза помош, полиција, превозници на долги релации, превозници на товар, приватни лица и компании. Речиси сите се прилагодени на екстремни зимски услови и нема конкуренција во однос на цената.

Популарно е и поголемото комбе или пикапот ГАЗ Соболј, кого исто така често го користат владините служби и превозниците, како и теренецот УАЗ-469 или Ловецот, кој се произведува без големи измени веќе 51 година.

Тоа што е еднакво на сите автомобили во Сибир е горивото. Тоа се исклучиво бензини поради познатиот проблем со замрзнување на дизелот при ниски температури. Притоа, полнењето гориво и нивното држење со денови додека работи моторот не е проблем бидејќи, биддејќи за наши услови, цената на еден литар гориво е многу евтина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!