Вие имате прво да ја знаете вистината

Три сценарија за Новак Ѓоковиќ, само едно може да го спаси и да го остави на Австралија Опен (фото)

Австралија повторно му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ, со што му го ускрати правото да остане во земјата невакциниран.

Сепак, сè уште не е готово!

Новак повторно се соочува со депортација, а има три сценарија кои можат да се случат во наредните часови, па дури и денови.

Првата (и втората) е дека адвокатите на Новак можат повторно да ја обжалат оваа одлука и дека сите повторно ќе бидат на суд, што во овој случај би можело да одлучи Ѓоковиќ да остане и да игра на Австралија опен или втората опција- доколку адвокатите не обезбедат доволно убедливо аргументи го депортираат од земјава!

Третото сценарио е Новак да се помири со одлуката на министерот за миграција Алекс Хок да се качи во авион и да ја напушти Австралија.

Првиот тенисер во светот доби медицинско ослободување од вакцинација против корона вирусот, но визата му беше укината веднаш по неговото пристигнување во Мелбурн.

Оттогаш тој беше во хотел кој служи како прифатен центар за имигранти, а веднаш по одбивањето на визата, неговиот правен тим поднел жалба на одлуката.

Во понеделникот судот ја поништи одлуката на Владата на Австралија да ја одбие визата, а Ѓоковиќ оттогаш слободно се движи во Австралија и продолжи да се подготвува за турнирот.

Тој изјавил дека го имал корона вирусот во декември додека бил во Србија и дека поради тоа не бил вакциниран.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!