Вие имате прво да ја знаете вистината

Хакери ги урнаа страниците на украинските институции и оставија морничави пораки: „Очекувајте го најлошото“

Сајбер напад од големи размери, предупредувајќи ги Украинците да „се плашат и да го очекуваат најлошото“ ги урна владините веб-страници вчера вечерта, од кои некои се уште се недостапни во денеска, а Украина започна истрага.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи рече дека е премногу рано да се каже кој би можел да стои зад нападот, но истакна дека Русија стои зад претходните слични напади.

Цел на сајбер нападот меѓу другото биле и веб-страниците на МНР, Кабинетот на министри и Советот за одбрана. Русија во претходните случаи отфрли каква било вмешаност во сајбер напади врз Украина.

На украински, руски и полски, на украинците им било кажано дека сите нивни лични податоци сега се објавени на јавната мрежа, дека нивните лични компјутерски податоци се уништени и дека е невозможно да се вратат.

„Сите информации за вас сега се јавни, плашете се и очекувајте го најлошото. Ова е вашето минато, сегашност и иднина“, објавија хакерите.

Украинскиот безбедносен претставник изјави дека „сите сајбер безбедносни субјекти се свесни за ваквите можни провокации од страна на Руската Федерација и дека одговорот на овие инциденти ќе биде вообичаен“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!