Вие имате прво да ја знаете вистината

Алек Болдвин го предал мобилниот телефон на полиција, се бараат нови докази

Актерот Алек Болдвин го предал својот мобилен телефон на шерифот во Њујорк, кој ќе биде разгледан за можни докази во кривичната истрага за фаталното пукање за време на снимањето на филмот „Рѓа“.

Главната ѕвезда и продуцент на нискобуџетниот вестерн, Болдвин смртно ја застрела снимателката Халина Хачинс на 21 октомври додека снимаше филмска сцена.

Актерот досега не сакаше самоволно да го предаде својот iPhone, но тоа го направи во петокот, предавајќи им го на помошниците на шерифот во Њујорк, каде што живее.

Полицијата во Њу Мексико побарала помош од властите во Њујорк за да го добие мобилниот телефон на Алек Болдвин како дел од истрагата за пукањето во филмот, повеќе од три недели откако детективите побарале да го пребараат телефонот, изјави Хуан Риос, адвокат на Болдвин, а потврди и портпаролот од канцеларијата на шерифот на Санта Фе.

Судијата за прекршоци во Санта Фе, Дејвид Сегура на 16 декември го одобри налогот за претрес кој и овозможи на локалната полиција да го пребара iPhone-от на Болдвин во потрага по докази релевантни за истрагата на 21 октомври за смртоносното убиство на снимателката Халин Хачинс, но актерот досега одложуваше.

По трагедијата на сетот, Болдвин се вратил во својот дом во Хемптонс, Њујорк, а властите во Ново Мексико биле беспомошни во напорите да посегнат по неговиот телефон.

Адвокатот на Болдвин во денешното соопштение рече дека актерот „доброволно им го предал телефонот на властите денес за да ја завршат истрагата“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!