Вие имате прво да ја знаете вистината

(Видео)Вооружен маж држи заложници во синагога во Тексас: Се заканува дека ќе ги убие ако не ја ослободат од затвор сестра му

Вооружен напаѓач држи заложници во синагогата Бет Израел во Коливил, Тексас.

Полицијата во Коливил прво ја предупреди јавноста за ситуацијата во 11:30 часот по локално време. Во друг твит два часа подоцна беше објавено дека ситуацијата со заложниците се уште трае.

Областа околу синагогата беше веднаш евакуирана, иако локалните вести тврдат дека се чини дека нема опасност за пошироката јавност.

Полицијата наводно започнала преговори со некој во синагогата, за кој се верува дека е осомничен.

Напаѓачот наводно барал да се сретне со неговата сестра, пакистанката Афија Сидики, која отслужува 86-годишна затворска казна за убиство на агент на ФБИ. Тој побара таа да биде ослободена.

Инцидентот првично беше емитуван во живо од синагогата за сабатната служба кога се слушна дека вооружен напаѓач, наводно со британски акцент, рекол: „Ако некој се обиде да влезе во оваа зграда, ви кажувам… сите ќе умрат“.

„Ќе умрам. Не плачи за мене“, повторуваше човекот постојано.

Неколку минути можеше да се слушне како напаѓачот им се заканува на заложниците пред да биде прекината снимката. Не е јасно кој го овозможи преносот во живо.

Еден од заложниците бил рабинот Чарли Ситрон-Вокер.

Полицијата и ФБИ се собраа во блиското училиште за да се подготват со специјална опрема. Екипата на FBI SWAT била на лице место, а полицијата побарала од јавноста да остане во своите домови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!