Вие имате прво да ја знаете вистината

(Видео)Храната ви се спушта од таванот: Кинески роботи подготвуваат и служат храна во Олимпиското село во Пекинг

Додека официјалното отворање на Зимските олимписки игри започнува за нешто повеќе од две недели, Кина дополнително ги заострува мерките во борбата против короната, а роботите се приклучија на методите за намалување на бројот на луѓе кои седат во истиот затворен простор.

Имено, новинарите кои се меѓу „раните гости“ на Олимпиското село, се уверија во футуристичкиот кетеринг третман во кој роботите целосно ги заменија готвачите и келнерите.

Погледнете како изгледа сервирањето во еден од рестораните каде роботи прават и служат тестенини, плескавици и ориз.

Како што можете да видите на видеото, храната пристигнува буквално од таванот, а целиот процес на складирање, пакување и испорака е целосно роботизиран со цел да се намалат контактите, а со тоа и можноста за пренесување на инфекцијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!