Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган го најави првиот борбен авион: Тоа ќе биде ударна сила на турското воздухопловство!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева дека новиот турскиот борбен авион ќе излезе од хангарот во 2023 година и додаде дека очекува авионот да го заземе своето место на небото до 2029 година, јавува Анадолија.

Се надевам дека во 2023 година ќе го извлечеме нашиот национален борбен авион од хангарот и ќе му го покажеме на целиот свет. Нашиот национален борбен авион, кој ќе го изврши својот прв лет во 2025 година, по сите потребни тестови, ќе го заземе своето место на небото до 2029 година како ударна сила на нашите воздушни сили, рече Ердоган.

Тој исто така додаде дека Турција е присутна во секоја технолошка област неопходна за напреден развој на одбранбената индустрија.

Бројот на одбранбени проекти кај нас пред 20 години беше само 62, а денес надминува 750, додека бројот на нашите компании кои работат во оваа област е зголемен од 56 на 1.500. Исто така, турскиот буџет за проекти од одбранбената индустрија се зголеми од 5,5 милијарди на 75 милијарди долари, а годишниот обрт на секторот се зголеми од една милијарда долари на 10 милијарди – рече Ердоган.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!