Во загрепскиот кварт Дугаве заврши полициската акција поради дојава дека на петтиот кат од зградата се одвива заложничка криза.
Непознат маж се заклучил во станот со боца плин и се заканувал, а наводно не бил сам.
На местото на настанот биле и пожарникарите кои со скокалница дошле пред зградата. Заложничката криза успешно заврши откако специјалците упаднаа во станот и го уапсија човекот.