Вие имате прво да ја знаете вистината

Надал ги збесна навивачите на Ѓоковиќ: Никој не може да биде поголем од Австралија Опен, Новак мора да ги почитува правилата

Шпанскиот тениски великан Рафаел Надал одржа прес-конференција во Мелбурн во пресрет на почетокот на Австралија опен, кој за два дена започнува во атмосфера на општо лудило. Секако, во фокусот беше „случајот Ѓоковиќ“.

Јасно е како ден дека Новак е еден од најголемите тенисери во историјата, без никакво сомневање. Но, нема играч кој е поголем од турнирот. Никој, ни Роџер, ни Новак, ни, да речеме, Борг, никој. Австралија опен е поголем и поважен од сите нас. На крајот, дали ќе игра, супер, а ако не игра АО ќе биде одличен турнир со или без него. Тоа е мое мислење, изјави на почетокот Надал запрашан какви поуки научивме од овој случај.

Не знам, но мислам дека ситуацијата отиде предалеку. Малку сум уморен од сето тоа. Тенисот, според мене, е многу важен, но дали може да биде поважен од моментот во кој светот е моментално и од борбата против пандемијата? Не сум сигурен. Преживеавме многу во последните две години; многу тенисери „не преживеаја“ и мораа да се откажат од тенисот поради падот на заработката од турнирите, патувавме со скратен тим или без никој на турнирите, бевме во „балони“, многумина мораа да бараат и психолошка помош. Тенисот во времето на пандемијата беше многу предизвикувачки, а сега кога ќе погледнам наназад, единственото решение за сето ова беше – вакцина. Мора да бидеме вакцинирани, заради нас самите, но и заради здравјето на тенисот, здравјето на спортот, здравјето на целото светско население…

Што се однесува до тениското наследство на Ѓоковиќ, Надал е јасен:

Пред се му посакувам се најдобро. Низ кариерата сме имале добри односи, меѓусебно почитување, многу пати сме се труделе да исправиме некои негативности, заедно. Но, во конкретниот случај, според мене, има прашања на кои треба да се одговори. А неговиот имиџ? Секој си избира свој пат. Дефинитивно е ценет како личност, како спортист и го ценам, тоа воопшто не е спорно. И велам, му посакувам се најдобро. Но, од моја гледна точка, не се согласувам многу со она што се случуваше во последните две недели, заврши Надал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!