Вие имате прво да ја знаете вистината

Пензионер побеснел и пукал на малолетници: Со воздушна пушка повредил девојче

Загрепската полиција уапси 70-годишен пензионер кој во четвртокот вечерта со воздушна пушка пукал во загрепски Јарун, при што повредил малолетник.

Девојчето кое било погодено во потколеницата се здобило со полесни повреди, пишува денеска Јутарњи лист.

Полицијата наведува дека набрзо по пријавата пристигнала на местото на настанот и му влегла во трага на 70-годишниот маж, а по завршување на истрагата полицијата поднела пријава за загрозување животот и имотот со општоопасни средства и постапки.

Истрагата утврдила дека маж испукал неколку истрели од воздушна пушка калибар 4,5 мм во правец на малолетници кои биле во блискиот парк.

Засега не е позната причината зошто дедото пукал во децата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!