Вие имате прво да ја знаете вистината

Потврдена важна победа на адвокатите на Ѓоковиќ пред клучното рочиште: Австралиската влада претрпе удар

Светот на тенисот е поделен, а ние со нетрпение го очекуваме вечерашното рочиште пред Федералниот суд, по кое, се надеваме, конечно би можеле да добиеме одговор на прашањето – дали Новак Ѓоковиќ ќе остане во Австралија и дали ќе игра на првиот Гранд Слем на сезоната?

На тоа прашање се уште нема одговор, но затоа во саботата во раните утрински часови пристигна информација дека адвокатите на Ѓоковиќ ја извојувале првата победа на денот на новото рочиште. Имено, случајот со првиот тенисер во светот вечерва ќе се расправа пред целосен суд, а не пред еден судија, а токму тоа го бараа адвокатите на Новак.

Федералниот суд денеска објави дека случајот ќе го сослушаат главниот судија Џејмс Алсоп и судиите Ентони Бесанко и Дејвид О’Калаган.

Ова е потег кој секако не му се допадна на правните застапници на тамошната Влада, од која се спротивставија на оваа идеја бидејќи со тоа се укинува правото на двете страни да се жалат на пресудата.

Новата, а можеби и последната расправа започнува во 23.30 часот по средноевропско време.

Треба да напоменеме и дека адвокатите на Ѓоковиќ бараат од австралиската влада докази кои би објасниле како престојот на нивниот клиент ќе го наруши јавниот ред и ќе влијае на можните реакции на австралијците.

Адвокатите на тенисерот рекоа и дека неговата најсилна изјава против вакцинацијата е дадена пред речиси две години, во април 2020 година, пред воопшто да бидат достапни првите вакцини против КОВИД-19. А одлуката на министерот Алекс Хок да му ја одземе визата на првиот светски тенисер, меѓу другото, се базира и на заклучокот дека Новак како позната и влијателна личност може да предизвика реакции и дополнително да ги зајакне антиваксерите во австралија. Тоа, меѓу другото, беше наведено во објавените судски списи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!