Вие имате прво да ја знаете вистината

Првиот принц хомосексуалец во светот: Се криел додека не доживеал нервен слом, мајка му се откажала од него преку весник

Иако, длабоко сме навлезени во 21 век, сепак не е лесно да се биде хомосексуалец, дури и ако сте принц. Особено тогаш, бидејќи принцот треба да внимава, не само за очекувањата на целото семејство, туку и на целата земја. Ако живеете во прилично конзервативна држава, уште полошо.

Кога Манвендра Син Гохил им призна на родителите дека е геј, неговата мајка јавно се откажа од него, преку огласи во локалните весници, а бидејќи пораснал како член на кралското семејство во Индија, земја во која, дури во 2018 година, геј сексот станува законски легален, очигледно е дека животот не го штедел.

Сепак, и покрај сите тешкотии кои ги преживеал, сега е во среќен брак со својот сопруг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!