Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин итно сака пруга до Арктикот: Москва инвестираше големи суми во флотата на мразокршачи и танкери

Рускиот претседател Владимир Путин и наложи на владата да даде предлози за изградба на пруга што ќе води до брегот на Баренцовото Море, на северозапад од земјата, додека Москва се обидува да го развие Арктикот, пренесува Хина.

Путин го стави арктичкиот регион на северот на Русија на врвот на неговите стратешки приоритети и нареди големи инвестиции во воена инфраструктура и ископ на руда.

Тој му даде рок на премиерот Михаил Мишустин до 10 мај да „даде предлози за изградба на железничко поврзување со Баренцовото Море“, објави Кремљ, пренесува Index.hr.

Железницата би завршила во базата Индиго во арктичкиот регион Ненец, каде Русија планира да изгради пристаниште што ќе биде отворено во текот на целата година.

Развојот на северната морска рута е тесно поврзан со рускиот пробив на Арктикот и затоа Москва инвестираше големи суми во флотата на мразокршачи и танкери.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!