Вие имате прво да ја знаете вистината

Александар Вучиќ: Тие лажат! Го шиканираат и малтретираат најдобриот тенисер 11 дена, а одлуката ја донеле уште првиот ден

Александар Вучиќ зборуваше за одлуката на судот да го депортира Новак Ѓоковиќ. Српскиот претседател рече дека штотуку разговарал со Новак и дека тој му рекол дека едвај чека да се врати во својата Србија, каде што е секогаш добредојден.

Да го малтретирате најдобриот тенисер 11 дена, а 11 ден да му ја врачите одлуката што сте ја донеле уште првиот ден… Тие мислат дека ова малтретирање го понижило Ѓоковиќ, но тие всушност се понижиле себеси, рече Вучиќ и додаде:

Ако кажавте дека тој што не е вакциниран нема право да влезе. Новак немаше да дојде или ќе се вакцинираше. А не ова шиканирање и малтретирање кое траеше 11 дена.

Во врска со самото судење, српскиот претседател рече:

Видовте во бесмислениот судски процес колку лаже обвинителот. Тие едноставно лажат. Тие рекоа дека помалку од 50 отсто се вакцинирани во Србија. Не лажете! Таа бројка е 58 отсто, што е многу повеќе отколку во многу земји од ЕУ.

Србија нема на ист начин да им возврати на австралиските спортисти:

Тие доаѓаат на првенството во атлетика, а ние ќе покажеме дека сме подобри од австралиската влада. Благодарност до австралискиот народ за кого сум сигурен дека ги сака Србите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!