Вие имате прво да ја знаете вистината

Американскиот претседател за заложничката криза во синагогата во Тексас: „Ова е чист терористички чин“

Киднаперот од синагога во Тексас купил оружје на улица и извршил терористички чин, изјави попладнево американскиот претседател Џо Бајден, еден ден по ослободувањето на заложниците и убиството на напаѓачот за кој беше потврдено дека е британски државјанин.

Заложничката криза во Коливил, Тексас „беше терористички чин“, рече Бајден во Филаделфија каде му оддаде почит на на црнечкиот активист за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор, чиј ден се слави како празник во Соединетите држави.

Во врска со ова, Бајден во петокот рече дека е клучно да се продолжи работата на Кинг преку зајакнување на правата на гласачите, борба против белечкиот расизам и други форми на екстремизам и борба за поголема економска правда.

Американскиот претседател зборуваше за мерките потребни за запирање на насилството со огнено оружје.

Важна идеја е да се провери способноста на купувачот на оружје, но тоа е невозможно да се направи ако оружјето може лесно да се купи на улица, рече американскиот претседател.

Напаѓачот зеде четворица заложници во синагогата, меѓу кои и еден рабин, а операцијата за ослободување беше успешно спроведена од тим специјални сили на федералната полиција (ФБИ) и стави крај на кризата која траеше повеќе од десет часа.

Британското Министерство за надворешни работи денес потврди дека киднаперот е британскиот државјанин Малик Фајсал Акрам, на возраст од 44 години, објави ФБИ.

„Засега нема индиции дека друго лице е вмешано во нападот“, се вели во соопштението на американската федерална полиција, додавајќи дека истрагата продолжува.

Киднаперот рече дека е „брат“ на пакистанката Афија Сидики, која отслужува 86-годишна затворска казна која ѝ беше изречена во 2010 година за пукање во војници и агенти на ФБИ и побара да биде пуштена од затвор, изјави американски официјален претставник за ABC.

Сидики отслужува казна во федерален затвор во областа Форт Ворт и е првата жена осомничена во САД за врски со Ал Каеда, исламистичката мрежа одговорна за нападите од 11 септември, за кои беше наречена „Лејди Ал Каеда. “

Таа „апсолутно не е вклучена“ во заложничката криза и ја осудува, изјави нејзиниот адвокат за Си-Ен-Ен и потврди дека киднаперот не е нејзиниот брат, што го потврди и семејството на Сидиква.

Сепак, експертите истакнуваат дека киднаперот го употребил зборот сестра на арапски во преносна смисла на сестра по вера.

Иако инцидентот во Тексас се чини дека е изолиран инцидент, синагогите во Њујорк и на други места ги засилија безбедносните мерки.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!