Вие имате прво да ја знаете вистината

Американски тенисер: Би се повлекол од Австралија опен поради Ѓоковиќ

Откако Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија, расте поддршката за српскиот тенисер. Последен во низата беше американскиот тенисер Тенис Сандрен, кој уште претходно беше на страна на првиот рекет во светот.

И овој пат Сандгрен не штедеше зборови, а ја искористи приликата да го критикува потегот на австралиските власти да го депортира Новак Ѓоковиќ.

– Посакувам да бев во Мелбурн за да се повлечам од турнирот. Претпоставувам дека солидарноста е кул само кога се во прашање чекови. Кога иконата за слободен избор не е добредојдена, работите полудуваат – напиша Сандгрен во серија твитови.

Американскиот тенисер постојано ги критикуваше властите во Австралија, сметајќи дека треба да им се одземе правото да организираат Грен слем во текот на сезоната. Сандгрен не пристигнал во Мелбурн бидејќи не бил вакциниран, а како што открива, немал основа за медицинско ослободување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!