Вие имате прво да ја знаете вистината

Амра Олевиќ ги живее соништата во Америка: Балканската Ким Кардашијан го освои козметичкиот свет

Балканската Ким Кардашијан, Амра Олевиќ е една од најуспешните „мејк ап“ блогерки во светот. За нејзина рецензија се борат најголемите козметички компании.

Сексипилната црномуреста блогерка на Инстаграм ја следат дури пет милиони луѓе. Нејзиното последно видео е препорака за познатиот кармин „Анастасија Беверли Хилс“ кој го погледнале близу 100.000 луѓе.

Таа ја скокотка имагинацијата

Таа неодамна најави и соработка со познатиот бренд за парфеми „de Marly“ и ја скокотка фантазијата на нејзините придружници со необично шише парфем што наскоро ќе се најде на пазарот.

Олевиќ минатата година се појави на најпознатиот ѕид во светот Тајмс сквер во Њујорк. Имено, Олевиќ се појави во промотивното видео на нејзината козметичка линија.

Познатата црногорка со адреса во Америка гордо се сликаше под видеото во Њујорк додека нејзиното лице го красеше познатиот рекламен простор.

Оваа црномуреста девојка е родена во 1988 година во Плав, Црна Гора. Извесно живеела во Босна и Херцеговина бидејќи студирала во Сараево, по што ги прекинала студиите и се преселила во Америка. Таа е сопственичка на линија на кармини и сјаеви наречена „Lip Land Amrezy“, а неодамна заедно со партнерите лансираше и линија на обувки.

Големата популарност на Амра во светот на козметиката секако се должи на Ким Кардашијан, која беше нејзин клиент откако со семејството се пресели во Њујорк.

Покрај тоа, многу медиуми истакнаа дека таа неодоливо потсетува на старлетата која ја шминкаше.

Кардашијан е нејзиниот прв познат клиент, кој и го отвори патот на славата, па ја нарекоа балканска Ким Кардашијан. Олевиќ работела за многу козметички компании, а познанствата што ги стекнала за време на тој бизнис ги искористила за да основа сопствена деловна империја.

Оваа млада жена е една од највлијателните жени во светот на козметиката, а нејзините видеа за шминка верно ги следат милиони девојки ширум светот.

Една од палетите од колекцијата на Амра е инспирирана од најпознатата кукла за девојки – Барби.

Колекцијата е направена во розова боја, а за потребите на снимањето, Олевиќ позираше како барбика во огромна пластична кутија, исто како оригиналната кукла.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!