Вие имате прво да ја знаете вистината

АТП: Отсуството на Новак од турнирот е загуба за тенисот

По депортирањето на првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од Австралија, се огласи и Здружението на тениски професионалци (АТП).

– Денешната одлука за укинување на визата за влез во Австралија на Новак Ѓоковиќ означува крај на една тажна низа на настани. Мора да се почитуваат законските одлуки во однос на јавното здравје. Потребно е дополнително време за да се научи од оваа ситуација. Без разлика како стигнавме до овој момент, Новак е еден од најголемите шампиони во нашиот спорт и неговото отсуство од Австралија опен е загуба за играта. Знаеме колку турбулентни беа последните денови за Новак и колку сакаше да ја одбрани титулата во Мелбурн. Му посакуваме се најдобро и со нетрпение очекуваме наскоро повторно да го видиме на теренот, соопшти АТП, нагласувајќи дека силно им препорачува вакцинирање на сите тенисери.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!